Македонија

Незадоволство нема, коалициите се склучени, со Ангелов имале коректен однос – Ковачевски одговараше за изборите

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кажа дека нови коалиции со партнери нема да има, а соработки со организации – се склучуваат. Според него, во партијата нема незадоволство, а за заминувањето на Стојанче Ангелов со Достинство од коалицијата – немаше конкретен коментар, освен дека имале коректен однос.

„Тој најави дека ќе ја напушти коалицијата, а утрово посочува дека би се вратил во коалицијата. Јас вака му кажав, дека без разлика дали ќе ја напушти или нема да ја напушти – јас нема да предложам негово разрешување. Јас сум имал коректен однос со сите коалициони партнери“, рече Ковачевски.

Зборуваше и за информациите поврзани со незадоволствата на лица кои очекувале, а не се на листите за пратеници.

„Нема незадоволство во СДСМ, ако ги видите јавните настапи – ќе видите дека работиме за победа на изборите во април или мај“, додаде тој.

Пратеничките листи кои се објавени ќе бидат конечни.

„Пратеничките листи се креирани и одобрени на конгресот. Ги одобрија и најголемиот број коалициони партнери. Разговараме со уште неколку организации за меморандуми на соработка, а тие се врз основа на вредности – унапредување на економскиот развој, членство во ЕУ, европски вредности“, рече Ковачевски.

На почеток