Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Ако сте станале милионери од плата, значи не сте заработиле чесно и не може да сте во судскиот систем или во политиката

Dca0096a 72a3 4f47 976e 708e43f8bc14.jpg
Img 5587

„Не може од државна плата да станете милионери. Тоа е невозможно. Ако сте станале од државна плата милионери значи не сте заработиле чесно. Ако не сте заработиле чесно вашето место не е во правосудниот систем, обвинителството, ниту во политиката“ рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидат за пратеник на листата на Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ на митинг во Центар.

Тој додаде дека ветингот значи проверка на потеклото на имот на сите судии и обвинители, но и на секој функционер во политиката.

Img 5587

„Проверка на сите релации, лични, родбински и бизнис релации на нивните семејства. И отстранување од системот на оние луѓе на кои што ќе им се утврди конфликт на интерес и на кој што ќе им се утврди прекумерен имот кој што не можат да објаснат како го стекнале“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека овој пат нема да се отстапи од ветингот, без разлика на притисокот од ЕУ, бидејќи доколку пред седум години се направеше ветинг, сега друга држава ќе беше Македонија.

„Ве уверувам дека наредниот мандат тоа ќе ни биде еден од главните фокуси и никој више не може да не поколеба во тоа. Тој ветинг мора да го направиме и мора и во политиката, судството, обвинителството кадрите и луѓето да се делат на чесни и нечесни, на способни и неспособни, на искрени и лажни“ рече Маричиќ.

Ss1

Можете да прочитате

Лукаревска: Сакале некои или не, СДСМ ќе биде запишан во историјата како организирана политичка сила која ја врати слободата и ја врати државата на вистинскиот пат

Две лица загинаа во сообраќајката на патниот правец Радовиш-Штип

Во Богомила упасен скопјанец кој со ловачка пушка им се заканувал на мешатани