Суарес повторно крвнички: За малку ќе му ја скршеше раката на противникот (Видео)

Интер Мајами е елиминиран во четвртфиналето од КОНКАКАФ Лигата на шампионите откако вторпат загуби од Монтереј. По поразот од 1:2 на свој терен, Интер Мајами на гостувањето во Мексико загуби со 3:1 и со вкупни 5:2 испадна од ова натпреварување.

На Интер Мајами не му помогнаа ниту некогашните големи ѕвезди на Барселона, Лионел Меси, Луис Суарес, Серхио Бускетс и Жорди Алба, кои беа во стартниот тим на тимот од САД.

Суарес, кој е познат по испадите на фудбалскиот терен (најпознати се гризнувањето на Џорџо Кјелини и расистичките навреди на Патрис Евра), овојпат повторно покажа неспортски потег. При една акција на гостите, Суарес без топка реши да го фати противникот за рака и да му ја свитка до тој степен што малку фалеше да му ја скрши.

Од болка, играчот на Монтереј падна на земја и побара лекарска помош, додека Суарес за овој неспортски потег воопшто не доби ниту жолт картон.

Luis Suarez grabs and twists Victor Guzman’s arm (no card given) 40′
byu/Delmer9713 insoccer

- Оглас -

Најнови вести