Нојер пред реваншот во Мадрид: Подготвени сме и за пенали

Капитенот на Баерн Минхен, голманот Мануел Нојер вели дека неговиот тим е подготвен за реваншот во Мадрид против Реал, во пполуфиналето од Лигата на шампиони. По првиот дуел резултатот беше 2:2, а сега на „Сантијаго Бернабеу“ мора да има победник за да се дознае патникот за големото финалето кое ќе се игра на „Вембли“.

Доколку нема победник по регуларните 90 минути ќе се играат продолженија, а ако и тогаш биде нерешено, тогаш ќе мора да се шутираа пенали.

„Се ќе зависи од моменталната форма на екипите. Многу ќе биде важно кој ќе го постигне првиот гол. Против екипи како Реал Мадрид секогаш нијанси решаваат. Концентрацијата мора да биде на највисоко ниво. Ова е полуфинале, меч за елиминација. Голманите мора да се стоосто подготвени. Ние како тим сме подготвени и за 120 минути игра, па дури и за пенали“, рече Нојер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести