Утрински Весник
Македонија

Петровска: Од скандирањето „УЧК“ корист нема никој, тоа се надополнува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ја враќа државата во темни времиња

Petrovska24info Scaled.jpg

„Скандирањето на извиците ‘УЧК’, во било кое време, од било која партија, не е потребно, ниту ќе биде потребно. Корист од тоа нема никој. Тоа се надополнува на реториката на ВМРО-ДПМНЕ и ја враќа државата назад во едни темни времиња“ рече министерката за одбрана и носителка на листата во ИЕ6 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Славјанка Петровска во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Таа додаде дека ќе направи се од себе за тие времиња да не се повторат, кога царуваше лажниот национализам.

„Во такво време се враќаат големите економски, социјални проблеми, па кога нема што да се зборува за нив се зборува за национализам“ рече Петровска.

Можете да прочитате

Гостиварското срце во боите на Македонија: Кирилица и Глаголица на градскиот натпис

Г.г. Стефан: Условите кои ни се поставуваат за томос се неприфатливи

Мицотакис од Костур и Лерин упати ново предупредување за Македонија дека патот кон ЕУ ќе биде запрен