Нема да се зголеми бројот на екипи во НБА

Заменик-комесарот на НБА лигата, Марк Тејтум, откри дека нема планови за проширување
на најсилната лига на светов. „Пред да можеме да размислуваме за проширување,
ќе треба да постигнеме колективен договор со играчите и да го финализираме
договорот за телевизиските права“ – вели Тејтум, кој всушност ги пренесе зборовите
на комесарот, Адам Силвер.
– Порано или подоцна, природната еволуција на лигата ќе биде проширување и мислам
дека ќе се вратиме на ова прашање – изјави Марк Тејтум.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО