Милановиќ утре го објавува датумот на парламентарните избори: Пленковиќ е заштитник на крадците и корупцијата во Хрватска

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ најави дека утре ќе го објави датумот на парламентарните избори.

– Ќе ви кажам утре, кога ќе се вратам во Загреб, кога ќе се одржат изборите, им рече Милановиќ на новинарите денеска, откако Парламентот гласаше да се распушти.

Тој кажа дека ова биле неполни четири години „кражба и обесчестување, објави Хрватската радио-телевизија.

Милановиќ оцени дека „лошото време“ завршило со неколку насилни гестови, како што е назначувањето на судијата Иван Турудиќ за главен државен обвинител, што според него е „многу контраиндицирано, како алкохолот за лице со заболување на црниот дроб“.

Тој за премиерот Андреј Пленковиќ рече дека тој е „заштитник на крадците и корупцијата во Хрватска“.

Пратениците во хрватскиот Сабор денеска изгласаа самораспуштање. Одлуката за датумот на изборите треба да ја донесе претседателот на Хрватска во рок од 30 до 60 дена.

Со парламентарните избори, оваа годинава на 9 јуни ќе се одржат и европските, а на крајот на годината претседателските.

Претходна вестБитолчанец ја следел и ја вознемирувал сопругата од која се разведувал, поднесена кривична
Следна вестТошковски го посети полицискиот службеник на кого пред неколку дена му изгоре семејната куќа