Република претседателски избори 2024

Во Кавадарци, Неготино и Демир Капија над 40 проценти излезност до 15 часот

Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, во списокот за неготинска општина се запишани вкупно 15.840 избирачи со право на глас, а во списокот за општина Демир Капија, има 3.216 избирачи.

Во Кавадарци, Неготино и Демир Капија има над 40 проценти излезност до 15 часот, на денешните претседателски избори. За ова информираа претседателките на општинските изборни комисии Кавадарци и Неготино, Емилија Петровска и Елизабета Камчева, како и претседателот на демиркаписката ОИК, Благој Јовановски.

Во општина Кавадарци гласале 42.71 отсто од лицата со право на глас, во неготинска општина гласале 7.071 лице или 44.64 проценти од избирачите, а во Демир Капија 46.93 отсто од гласачите.

To top