Не изгоре Универзална. Секоја штета на новата челична конструкција, ќе биде заменета за нова, вели компанијата изведувач

Во Универзална сала, изгореа елементи кои треба да бидат дислоцирани, а вредните елементи се извадени уште во 2021 година, изјави Лазар Арсовски, од компанијата што ја врши реконструкцијата на Универзална сала.

Според него, не изгорела Универзална сала туку материјал кој требало да биде изваден од таму и е безвреден.

„Нашите две компании, секоја штета што е направена на терен, ја сносат тие. Секоја штета на новата челична конструкција, ќе биде заменета за нова. Овој пожар нема жртви, не направи преголема штета на самиот проект“, вели Арсовски.

Доколку металната конструкција е оштетена ќе биде заменета, а доколку само делови се оштетени, ќе бидат променети само тие делови.

Извор: Скопје 1

Back to top button
Close