Македонија

(Видео) Нѐ убедуваа дека Вања избегаала во Тетово, па во Шведска, па дека е регрутирана за ИСИС – ме правеа ретардиран!, сведочи Ѓорчевски за полицијата од истрагата

Таткото на убиеното девојче Вања Ѓорчевска, обвинетиот за помагање, Александар Ѓорчевски, пред судот раскажа за денот кога неговата ќерка е грабната од пред излезот од зградата во која живееше, а подоцна и убиена.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Кажете што се случи на 27.11.2023-та година?

Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Се случи лудило. Добив телефонски повик од Зорица со растревожен глас, ја цитирам ‘Сашко Вања ја нема, ја нема Вања’ јас го ставив телефонот на спикер и веднаш почнав да се облекувам. Зорица рече дека се движи кон мене и да се најдеме доле. Кога се симнав, свртев повторно, ја здогледав. Уште пред да се симнам ја отворив апликацијата каде што видов дека Вања последно ја евидентирал кај ‘Хаус Гарден’ пред раскрсницата со Рузвелтова и веднаш знаев дека нешто не е во ред, бидејќи беше офлајн што значи дека го исклучила телефонот или е онеспособен. Истото го констатиравме заедно со Зорица кога се најдовме пред зградата, Зорица ме праша дали да пријавуваме во полиција, и реков: ‘апсолутно пријавувај а во меѓувреме да се движине кон колата’. Кога стасавме кај колата, утрото беше ладно, минусни беа температурите, јас ја запалив колата и со прскалките ја одмрзнував. Зорица влезе во колата, мислам дека разговараше со колешката со која заедно оди на работа, и дека и рече да најде слика од Вања и веднаш да објави по социјалните мрежи. Со Зорица се упативме кај местото кај ‘Хаус Гарден’, бидејќи на ‘Партизанска’ не може да се запре возилото, влеговме во блокот од улички, кој што се наоѓаат под Партизанска а каде што последен пат телефонот на Вања емитувал сигнал. Тука излеговме од автомобилот, тоа беше една слепа уличка, Зорица се качи по скалите и искочи горе на ‘Партизанска’, а јас приметив веднаш од десната страна на возилото, напуштена куќа без прозорци и влегов внатре да ја пребарам. По извесно време, Зорица се симна кај колата, и ми се јавија од полиција да дојдеме да се вратиме пред зграда кај мене за да дадеме изјави. Се вративме пред зграда двајца полицајци, разговараа со нас, не се сеќавам што, бевме и двајцата избезумени, ги прашав дали пратиле екипи каде што Вања беше последен пат евидентирана. И тогаш Зорица ми кажа дека им се поклопува на Вања и Миња часот по физичко дека им е заеднички час, дека Миња ќе примети дека ја нема Вања, и реши она да оди да ја земе Миња и да соопшти а јас да се вратам на местото каде што веќе бевме со Зорица. Кога пристигнав таму, веднаш приметив полицајци во цивил беа, им пријдов, потврдија дека се полицајци, јас им кажав дека сум таткото, и заедно со нив барав, по соседните подземни гаражи и влезови. Таму веќе пристигнат и чичко и на Зорица, со точак, со насолзени очи, Зорица го известила, побарала помош од него, и тој ја пребарувал куќата. Ме праша ‘Саше што е работата?’. Му кажав Вања ја нема, ако не ја најдеме – мене ќе ме нема. Полицајците во цивил рекоа дека сѐ што можело да се пребара во околината е пребарано. Мене ми се вртеа во глава безброј сценарија. Едно од нив дека ја има удрено кола, и дека некој совесен возач ја ставил во кола и ја однел во болница. Имам братучед кој работи во ‘8ми Септември’, му вртев но не ми одговори. За кратко време ми се јави, ми кажа дека бил на визита, јас му објаснив што се случило и ми кажа веднаш да одам кај него. Oтидов пред боницата, инсистираше да влезам да ми даде нешто за смирување, ми кажа каде да се смирам. Влеговме во една просторија, каде проверуваше  по урегентитните центри дали утрината е хоспитализирано повредено девојче. Исто така се јавивме во Kлиниката на Водно, кај заеднички другар, и таму ни дадоа негативен одговор. Ја немаше никаде по болниците. Не ме држеше место, морав нешто да правам. Братучед ми инсистираше да останам таму, но не го послушав, излегов и влегов во кола. Наредно сценарио беше дека некои заостанати пијаници или наркомани, или дилери во Дебар маало, ја повлекле во кола се упатиле по Партизанска ја повлекле од лудило од каприц, и дека можеби ќе ја пуштат по пат. Исто така едно од сценаријата кое ми се моташе низ глава беше дека Вања е киднапирана и прво што ме фати страв е да не ја изнесат од државата. Од колата пред болницата почнав да вртам по телефони. Прво ми текна да се јавам кај секретарка кај поранешен функционер во полиција, за преку нејзе ги извести колегите на граничните премини да се проверуваат возилата. Таа не ми одговори веднаш, па свртев кај незиниот сопруг, кој е мој бивши колега од Фершпед, на кој му кажав дека ми се случува најлошата ноќна мора и дека за тоа ја барам неговата сопруга и таа подоцна ми се јави. Ми кажа дека е пренесено, да не се секирам од тој апсект, дека наводно на граничните премини имало и ренгени. Дека после нејзиното јавување ни мува нема да може да премине. Решив да тргнам кон преминот Блаце, така и ми беше наместана колата, свртев десно од 8ми Септември, па лево кај Палас, па дури и прекршок мислам дека направив, имаше голема гужва и свртев полукружно назад, па се вратив на претходно сценарио од Партизанска кон Ѓорче Петров дека некаде по пат ќе ја најдам. Од Ѓорче Петров се стори крајот на Сарај, затоа што во меѓувреме разговарав на телефон, на секои 2 минути вртевме со Зорица кај Вања, Зорица ги известила родителите. Почнав да добивам пораки на вибер групата. Имаше една порака, дека е паметно да се прегледуваат камери за патот кон училиште, тоа ми е виде многу пологично, од бесцелното возење, и тргнав накај Центар“.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ:  Каков беше односот на полицијата?

Обвинетиот Александар Ѓрочевски: Со амонизитет. И сомнеж кон мене. Они тапкаа во место уште од самиот почеток, ми покажуваа слики од девојчиња, да потврдиме дали тоа е Вања, нѐ убедуваа дека не си го познаваме детето, дека Вања избегала, со некој дечко накај Тетово, дека се решила да помине пат од 4 илјади километри до Шведска кај другарче од платформата Дискорт, нѐ прашуваа колку станови имаме, не чие име се водат, колку возила поседуваме, а кога ќе споменавме дека Вања не е отидена по своја волја, во правец спротивен од училиштето појавува и агресија кон нас. Имаше еден инспектор, Владимир се викаше. Тој беше задолжен за распит на децата. Се наоѓавме во мојата кола, се враќавме од претходна посета кај мајка ми со Владимир бидејќи сакаа да го погледнат и тој стан, но одговорот дека тоа не Вања на сликата, ми се развика дека не можам да си го познаам сопственото дете, каков татко јас сум бил. Тоа било слика на некое девојче снимено од камера во некоја мобилара, и он беше убеден дека тоа е Вања, и отишла да си го поправа телефонот. Подоцна го приметив дека бара потврда и до Зорица по истата слика. Од комјутерот на Вања дознаа дека со другарче од платформата Дискорт разменувале мислења и ги споредувале Библијата и Куранот. Па нѐ убедуваа дека се регрутила наводно за ИСИС и отпатувала во Шведска. ИСИС-јас и не знам што е тоа. Еден од испекторите, Кире се викаше, зборуваше на дијалект од источна Македонија, на еден од долготрајните состаноци во полициска станица. Му се обратив со повисок тон, цитирам, на неговиот дијалект „Киднапирана е Кире, киднапирана е“. Не е по своја волја скршнала од патот кон училиште“.

Ѓорчевски рече дека на еден од состаноците со полицијата: „испекторот Музафер ми рече ајде малку да се повозиме. Ме правеа ретардиран во целата таа ситуација, а да не зборам дека цело време во погрешна насока ја водеа истрагата. Што правиш, кај ги молиш да ти го најдат детето, да бидеш некултурен… му реков во ред“.

Судијата даде пауза, па продолжува распитот од адвокатот Туфегџиќ.

ПРЕТХОДНО:

На почеток