Breaking News

Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања


Третиот кинески носач на авиони „Фуџиан“ утринава ги започна своите први поморски испитувања. Бродот го напушти бродоградилиштето во Шангај околу 8 часот наутро.


Поморските испитувања првенствено ќе ја тестираат доверливоста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони.


Од неговото лансирање во јуни 2022 година, „Фуџиан“ ги заврши пробите за прицврстување, местење и прилагодувања на опремата.

Според кинеската агенција, тој ги исполни техничките услови за почеток на поморски испитувања. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА