Вести Економија

Милијарда евра со ниска камата од странска влада- од каде е финансискиот пакет кој го најавува Мицкоски

Во првото интервју по изборите на кои ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници, партискиот лидер на Канал 5 најави дека новата влада ќе се задолжи со како што го нарече финансиски пакет од милијарда евра. Тој пакет, за кој Мицкоски не употреби збор кредит, ќе биде од странска влада по принцип на договор влада со влада.

-Можам да најавам еден финансиски пакет во соработка влада со влада во вредност од 1 милијарда евра, со исклучително поволни услови. Со добар грејс период со исклучително атрактивна каматна стапка, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Немаше други објаснувања од каде се, како ќе се реализираат и за што ќе бидат употребени.

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ за Телма тврдат дека финансиите нема да бидат земени од Кина, Турција или Русија, а на прашањето дали станува збор за пари од Обединети Арапски Емирати немаше прецизен ниту потврден одговор.

Договарањето за овој финансиски пакет (кредит) со странската држава се одвивал за време на кампањата.

Мицкоски најави и енергетска инвестиција од 400-500 милиони евра „која што ќе произведува некаде од прилика околу 1 терават часови електрична енергија годишно“.

Во 1998-ма, во рамки на изборната кампања за парламентарни избори, тогашната партија Демократска Алтернатива предводена од Васил Тупурковски (во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предводено пд Љубчо Георгиевски) беше пласирано ветувањето за милијарда евра економска помош од Тајван. По изборите, почна економската соработка со Тајван поради што Кина (која го смета Тајван за сопствена отцепена територија) ги прекина дипломатските односи со Македонија.

Ветувањето познато како „Милијардата на Циле“ по прекарот на Тупурковски не беше реализирана успешно, а Кина гласаше и за прекин на мисијата на ООН, УНПРЕДЕП на границата со Косово само неколку месеци пред да почнат нападите на НАТО врз Србија и војната во Косово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе