Одмерено и достојно обележан денот на раѓањето на Гоце Делчев

Под силно полициско обезбедување денеска делегации, функционери, политичари и граѓански здруженија положија цвеќе на гробот во Црквата Свети Спас во Скопје, одбележувајќи го раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Почит пред гробот на Гоце Делчев одадоа претседателот Стево Пендаровски, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како и делегација на Собранието.

Институциите на Македонија покажаа одговорност околу активностите за денот на раѓањето на Гоце Делчев.

МВР беше на висина на задачата, професионално и смирувачки.
Македонија не подлегна на национализмот и провокациите.

Back to top button
Close