• четврток, 16 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 1 мај 2024 (МИА) - На 30.04.2024 во 16.10 часот во село Стојаково, општина Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода В.К.(30) од село Стојаково. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, 9 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење сигурносен појас, 14 за брзо возење, осум за минување на црвено светло...

На 30.04.2024 во 12.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“, управувано од Ј.Р.(51) од Скопје и патничко возило „фолксваген“, управувано од Б.Р.(67) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 30.04.2024 во 21.10 часот во СВР Велес, Д.К.(56) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 30.04.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јустинијан Први“ во Скопје товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(32) од Скопје удрило во пешакот Љ.В.(73) од Скопје. Во несреќата Љ.В. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 30.04.2024 во 22.00 часот во СВР Велес, М.С.П.(29) од Велес пријавила дека во Младинскиот парк во Велес нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

На 30.04.2024 во 09.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Прилеп патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(52) удрило во велосипед управуван од малолетничка, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

На 30.04.2024 во 15.20 часот во ОВР Кавадарци, Г.С.(49) од Кавадарци пријавил дека во месноста Моклиште, кавадаречко, бил каснат од куче скитник.

На 30.04.2024 во 11.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка–Граничен премин Деве Баир, кај с.Конопница, патничко возило „пасат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.М.(57) удрило во пешакот Д.С.(63), двајцата од Крива Паланка. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом - Крива Паланка. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. 

Денеска (01.05.2024) во 01.15 часот на Граничниот премин Табановце бил лишен од слобода Г.Ј.Ј.М.(27) од Шведска, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостасувале страници, а исто така во неа биле и вметнувани страници од друга патна исправа. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. дма/

Фото:МИА архива

 

Тагови

Остани поврзан