Финансии / Банкарство

КОЈА ЗЕМЈА ИМА НАЈНЕРАЗВИЕНА МРЕЖА НА БАНКОМАТИ ВО РЕГИОНОТ?

11.12.2024

Црна Гора има 77 банкомати на 100.000 жители, Србија има 53 банкомати,  во Хрватска 141 и 58 во Босна и Херцеговина, Македонија има 57 банкомати, Косово  има 29  и 35 банкомати на сто илјади жители има во Албанија, покажува анализата на норвешкиот информативен и финансиски портал Finansplassen, кој  користеше јавно достапни податоци од повеќе институции.

Во анализата, меѓу другото, се користени податоци за бројот на банкомати и бројот на терминали за плаќање со картички на 100.000 луѓе, лимитот што може да се потроши при плаќање со картичка и бројот на оние кои користат интернет банкарство.

Помалиот број на банкомати значи дека државата помалку се потпира на готовина, додека поголемиот број терминали за плаќање со картички укажува на развиена инфраструктура за електронски трансфер на пари, пишува RTCG.

Оваа анализа покажа дека Норвешка е најподготвена за безготовинска иднина. Имено, оваа земја е меѓу оние со најмал број банкомати, а дури 96 отсто од населението користи интернет банкарство.

Меѓу десетте најподготвени земји се Холандија, Шведска, Исланд, Естонија, Литванија, Кипар и Швајцарија, а меѓу најслабите се Ерменија, Грузија и Германија.


фото freepic

 

ПРЕПОРАЧАНО