Гладијаторите ја знаеле нејзината моќ: Чудесната вода од една житарка лекува секакви воспаленија, датира од античко време

151
Pexels

Уште во античка Грција и Рим, јачменот бил првиот избор на гладијаторите, а денес е познато дека е богат со важни витамини и минерали.

Посебно е вредна јачменовата вода, за која се верува дека помага при воспаленија, но и при слабеење.

Јачменот е богат со незаситени масни киселини, витамини А, Д, Е и Б12, како и минерали како што се калиум, магнезиум, цинк, железо, фосфор, кобалт, флуор и јод. Затоа, водата направена од оваа житарка е познат народен рецепт за сите видови воспаленија уште од античко време.

Може да се пие во случај на воспаление на респираторниот, дигестивниот или уринарниот систем, а исто така го ублажува гадењето и повраќањето бидејќи одржува рамнотежа на цревната флора и ја надоместува изгубената течност. Исто така, јачменовата вода е вистинска препорака за сите оние кои сакаат да ослабат бидејќи го забрзува метаболизмот на мастите. Покрај тоа, го намалува холестеролот, кој го штити кардиоваскуларното здравје.

Можете лесно да ја направите сами. Доволно е во литар ладна вода да се стави една лажичка исчистен јачмен, без лушпата. Оставете да зоврие и оставете на силен оган уште десет минути. Се процедува преку газа и се пие топло два пати на ден.

Слузот од јачмен што останува по готвењето ќе помогне при проблеми со варењето и стомачните болки. За да го смирите воспаленото грло, можете да додадете една лажичка мед и сок од еден лимон во топла јачменова вода.