АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ОД ТУРЦИЈА: Поплавите направија СТРАШЕН ХАОС, улиците претворени во реки, автомобилите беа носени од силен порој (ВИДЕО)

Турскиот главен град Анкара беше погоден од силни поплави во вторникот вечерта, а властите предупредија на дополнителни врнежи.

Главните сообраќајници во Анкара се претворија во вистински реки, а силен дожд паѓа низ централна Турција.

Поплавени се продавници и подруми на куќи, а на снимката на новинската агенција DHA се гледаат автомобили кои ги понесуваат пороите.

Поплавите го нарушија и нормалното функционирање на метрото во Анкара, соопштија властите во вторникот вечерта, додавајќи дека поради безбедносни причини, електричната енергија е исклучена на некои линии на метрото.

Денеска се работи на повторно воспоставување на градскиот превоз.

Турската метеоролошка служба предупреди на продолжување на обилните врнежи во Анкара и другите делови на Анадолија.

Невреме се очекува и на Црното Море.