Мали се подготвува да прими уште 50.000 тони пченица од Русија.

Министерството за индустрија и трговија на оваа африканска земја одржа стратешка сесија на која разговараше за претстојната пратка.

Овој состанок беше резултат на успешната деловна мисија во Русија на почетокот на оваа година, каде што беа постигнати договори, меѓу другото, за увоз на 50.000 тони пченица, на која и претходеше испорака на 75.000 тони“, соопштија од Министерството.

Властите на Мали истакнаа дека оваа хуманитарна мисија е од витално значење за Мали, како од економска, така и од гледна точка на безбедноста на снабдувањето со храна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.