19.8 C
Скопје
18:11 - 2 мај, 2024

Драгана Мирковиќ искрено: „Ме болат лагите за мене, не сум како мојот сопруг да покажувам автомобили“

За пејачката Драгана Мирковиќ на големо се зборува поради разводот со долгогодишниот сопруг Тони Бијелиќ.

Драгана истакнува дека отсекогаш била искрена, а тоа е така и сега и вели дека е невозможно да се лажат луѓето четири децении колку што е таа на сцената.

„Не можете вие четириесет години да лажете и да фолирате луѓе. Значи, некоја грешка би ви се лизнала, луѓето би сфатиле дека сум фолирант. Затоа јас сум преискрена. Сама себе си правам и проблем поради својата искреност. Најискрено“ – рече Драгана за хрватскиот портал 24сата.

„Кога сте искрени не можете да згрешите. Ако лажете, ќе заборавите кому што сте излажале, а ако сте искрени, не можете да згрешите. Секогаш да се зборува вистината не е проблем, воопшто. Сакала не сакала, јас сум таква. Да се сменам, не можам“ – додава пејачката.

„Моите зборови често се злоупотребуваат. Јас простувам, многу лаги исплакувам…Ме боли кога некој лаже за мене. Се што ме болеше донесе до тоа луѓето да речат дека сум добар човек, дека сум хумана, дека сум цврсто на земја. Никогаш себе не се нареков ѕвезда, дали ми верувате? – истакна Драгана за 24сата.

Иако до „пукање“ на нејзината врска со сопругот Тони дошло во 2021 година, Тони, како што беше пишувано во српските и хрватските медиуми, на Драгана ѝ испратил букет цвеќе со посебна порака за време на снимањето на телевизиска програма околу новогодишните празници во 2022 година која се емитувала токму на нивната заедничка телевизија (телевизијата е во сопственост на Драгана и Тони).

– Те сакам како првиот ден – пишувало во пораката која Драгана ја искоментирала пред сите:

– О, од Тони! И од кого друг… Само тој, никој друг! Како првиот ден, вели… Добро… Полн е со изненадувања, дефинитивно, ова не го очекував – рече тогаш Драгана.

Драгана неодамна го задеваше својот сè уште легален сопруг додека зборуваше за тоа како материјалните работи никогаш не ѝ биле важни.

„Можете да ме возите во Смарт, можете да ме возите и, еве, во Мајбах, неважно е, јас не сум тој тип воопшто да ми е важно тоа нешто…Зашто се мора да биде гламур, кога може да биде нешто носталгично…Некогаш сите возеа Стоеден, подоцна Југо, Фичо, мене тоа ми е подраго отколку „вау“ автомобил! Никогаш не сум била за тоа. Мојот сопруг сакаше така преку мене да ги покажува своите автомобили, но јас не сум тој тип“, исткна Драгана за 24сата.

Тони со нова објава испрати јасна порака за Драгана Мирковиќ: „Сакав, се смеев и плачев“

 

Слични објави

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо

(Видео) Горан Бреговиќ ја отсвири песната на Сандра Африка на гитара и ги остави сите зачудени: „Неко че ми ночас направити сина“

Еспресо

Јована Јеремиќ сепак одлучи да не се мажи повторно: Не сакам деца, а бракот не ми е важен

Еспресо

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Еспресо

(Видео) Деми Мур ја покажа завидната фигура: Рамен стомак и минијатурно бикини

еспресо
Се вчитува....