ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

од Vladimir Zorba

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија денеска постигнаа начелен договор приходите од замрзнатите руски средства да се користат за воена помош за Украина, соопшти белгиското претседателство со ЕУ.

„Овие пари ќе бидат искористени за поддршка на закрепнувањето и воената одбрана на Украина во контекст на руската агресија“, објави белгиското претседателство на платформата X.

Претседателот на Европската комисија го поздрави овој политички договор.

Слични содржини