Вести Култура Топ вести

Борба на највозвишеното и најниското во човекот, на отворањето на „Мајските оперски вечери“

 

„Мајските оперски вечери“ ќе бидат отворени на 9 мај, со премиера на операта Трубадур, од Џузепе Верди. Режијата ја потпишува Иван Поповски, наш режисер, кој со успех работи во Русија и низ Европа. Во насловната улога на трубадурот Манрик настапува тенорот Зоран Сотир, кој со оваа улога слави 25 години кариера. А, новитет на годинашните „ Мајските оперски вечери“, е настапот на Камерниот музички театар од Љубљана, со акапелата „ Свадба“.

Борба на највозвишеното и најниското во човекот. Вака режисерот Иван Поповски, накусо ја опишува операта „ Трубадур“ од Џузепе Верди, со чија премиерна изведба во негова режија, под диригентство на Енрико Довико, ќе започнат 52 „Мајските оперски вечери“ , на 9 мај. Во кариерата на овој наш истакнат режисер , кој претежно работи во Русија, но и низ Европа, „ Трубадур“ е 11 поставено оперско дело, а прво во Македонија.

  • Тоа што е над љубовта и над сѐ во оваа опера, мислам дека е борбата на највозвишеното и најниското во човекот. Така мислам кратко, ако се формулира. Заради тоа што има многу линии, многу интересни работи, кажа режисерот Поповски.

Љубовта, љубомората, омразата и братоубиството , се клучните теми во операта Трубадур. Насловната улога – Манрик, му е доверена на тенорот Зоран Сотиров, кој со неа прославува 25 години солистичка кариера.

  • Улогата бара една содржина, конструкција на гласот, малку зрела. И дали ќе ја добие со текот на времето, што не значи ако не ја пее, дека е помалку или повеќе добар тенор, туку тоа е до природата, кажа Сотиров за улогата на Манрик.

За разлика од домашната постава солисти на 9, на репризата на „ Трубадур“ на 11 мај, ќе настапат странски солисти. Меѓу нив е и Канаѓанката Криста Де Силва во ликот на Леонора, љубената на Манрик.

  • Многу е интензивен. Таа употребува многу различни емоции. И јас го сакам тој предизвик , сигурно, рече Де Силва за ликот на Леонора.

Автор на сценографијата е познатиот српски сценограф Миодраг Табачки. Неговото решение (на замокот, каде се случува дејствието) , го опишува како поетски реализам.

  • Реалистично е во смисла на фактот дека е претставен на ѕидот, скулпторски. Значи , би рекол еден поетски реализам, кажа сценографот Миодраг Табачки .

Табачки се јавував и како автор на сценографијата и костимите за нашиот балет „ Заспаната убавица“, кој ќе се игра на МОВ.На програмата се и  „ Валкири“ од Вагнер, во продукција на Софиската опера и балет, „ Тоска“ од Пучини, акапелата „ Свадба“ на Камерниот музички театар од Љубљана, што е новитет на програмата. А, со „ Аида“ од Верди“, традиционално на 31 мај завршуваат МОВ.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Денеска ќе се одржат погребни ритуали за претседателот на Иран

Дејан Дејан

Берлин: Барањето за апсење на лидерите на Израел и Хамас дава лажна слика за еквивалентност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе