Во директниот натпревар за првото место во четвртфиналната Група 1 на Европското првенство 2024, ракометарките на Франција славеа против Унгарија со 27-30.
По оваа победа Французинките во полуфиналето ги избегнаа Норвежанките кои се првопласираните од Групата 2, па сега како противник на патот до финалето ќе го очекуваат подобриот од утрешната пресметка меѓу Данска и Холандија.
Најефикасни во победата на Французинките беа Фопа и Валентини со по пет гола, а кај Унгарија не помогна ниту извонредната Клујбер која постигна девет гола.
Унгарија во полуфиналето на Европското првенство ќе игра со Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА