Лавров: Балканот е дел од заговорот на Западот, Макрон најголем непријател на Русија

од Nikola Popovski

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја оценил мировната конференција за војната во Украина, која ја подготвува Швајцарија, како обид „за ултиматум до Москва, чија единствена цел е исполнување на барањата поставени од украинскиот претседател Володимир Зеленски“, па поради тоа е неприфатлива за руската страна.

Во интервју за Алтернативната телевизија на Бања Лука (ATV), која е под контрола на претседателот на РС, Милорад Додик, Лавров уште еднаш го обвини Западот за заговор против Русија, тврдејќи дека воената помош за Украина само ја разгорува војната и дека единствените сериозни напори за да се спречи ги прават Кина и Јужноафриканската Република, со чии претставници руски дипломати претходно разговарале.

„Не очекуваме чесност и ред од нашите западни партнери“, рекол Лавров во претходно снименото интервју емитувано во неделата вечерта.

Тој додал дека Москва сега нема со кого да преговара од Западот и затоа руската армија „продолжува ги извршува задачите што се доделени во рамките на специјалните воени операции“, како што Русија ја нарекува агресијата врз Украина.

Тој објаснил како демилитаризацијата и денацификацијата на Украина се „апсолутно неопходни чекори“, обвинувајќи ја владата во Киев за воведување „расистички закони насочени кон афирмирање на идеологијата на нацизмот“.

Тој ги обвини и лидерите на Европската унија и НАТО дека се следбеници на таквата политика, а францускиот претседател Емануел Макрон го опиша како најголемиот сегашен непријател на Русија, кој отворено зборува за фактот дека Западот треба да биде подготвен да испрати војници во Украина доколку е неопходно. Тој го обвинил Макрон за „русофобија во обид да стане лидер на Европа“.

„Балканот е исто така дел од заговорот, и Хрватите се на мета на унитаризација“

Лавров го нападнал Западот и поради ситуацијата на Балканот, вклучително и најавата за усвојувањето на Резолуција со која Генералното собрание на ОН ќе им оддаде почит на жртвите на геноцидот во Сребреница извршен во 1995 година, како и приемот на Косово во Советот на Европа.

За Лавров, ова е уште еден доказ дека Западот не се откажува од својата политика насочена кон „разбивање“ на Србија и Србите, сето тоа како дел од наводниот глобален заговор за уништување на православието и, поради тоа, како што вели, за верски поглавар се поставува патријархот од Истанбул, кој, како што тврди Лавров, е контролиран од САД.

Тој го пофалил Додик како единствениот вистински борец за автентичното толкување на Дејтонскиот договор и го обвинил високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит дека се обидува да го спроведе проектот за „унитаризација на Босна и Херцеговина“, а истовремено тврди дека и Хрватите се исто така на мета, покрај Србите.

„Тој (Шмит) се обидува да си поигра со некои политички сили на Хрватите во централна Босна, но Хрватите исто така имаат свој став за тоа и начинот на кој ќе го бранат својот идентитет и принципите на Дејтон за еднаквоста на три конститутивни народи“, изјавил шефот на руската дипломатија, без подетално да објасни за ваквите обвинувања.

Слични содржини