Утрински Весник
Свет

(Видео) Дубаи под вода – авионите не можат да полетаат

Dubai Poplava.jpg

„Се’ изгледа како сцена од некој апокалиптичен филм, се’ е во застој. Никој не очекуваше ваква ситуација. Мештаните ми велат дека вакви поплави немало во последните 75 години“, вели белграѓанка за српски „Блиц“, опишувајќи ги драматичните сцени од поплавениот Дубаи. Како што сведочи, целиот град е потопен, па туристите не излегуваат надвор бидејќи мештаните ги известиле за забраната за движење. „Авионите не можат да полетуваат поради поплавената писта, градот стана една голема река и нема каде да одиме. Метрото е целосно под вода“, сведочи таа. „Тука е целосен хаос, градот е под вода. Луѓето се во паника, ова навистина е надвор од контрола“, додава.

Патиштата околу аеродромот се поплавени.

Можете да прочитате

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Вулканот Везув посеа паника кај населението, регионот погоден со над 150 земјотреси

Силни турбуленции во авионот Лондон – Сингапур: Еден загинат и 30 повредени