Контакт

Европа

Данската премиерка пристигна во Лавов, се сретна со Зеленски

Објавено пред

Данската премиерка Мете Фредериксен се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски во западниот украински град Лавов во петокот, ден пред втората годишнина од руската инвазија. Данската премиерка и Зеленски ги посетија гробиштата и им оддадоа почит на загинатите војници, соопшти кабинетот на украинскиот претседател.

dobivaj vesti na viber

„Никогаш нема да ги заборавиме хероите што ги бранеа нашата независност, слободата и иднината“, напиша Зеленски на „Икс“.

Данска, членка на НАТО и ЕУ, ѝ дава силна поддршка на Украина и е една од земјите што му дава најголема воена поддршка на Киев во споредба со големината на нејзината економија. Во четвртокот Данска објави пакет воена помош во вредност од 247,4 милиони американски долари и ги повика сојузниците да ја зголемат помошта за Украина за да ја добијат војната против Русија.

Вкупната помош на Данска за Украина од почетокот на руската инвазија пред две години се зголеми на 33,3 милијарди дански круни или 4,84 милијарди американски долари.

Данска, која заедно со Холандија и САД ја предводат коалицијата чија цел е да ѝ помогне на Украина да изгради воздухопловни сили, очекува да ги испорача своите први борбени авиони „Ф-16“ на Украина ова лето, рече премиерката. Данска исто така потпиша 10-годишен безбедносен договор со Украина со други сојузници, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Германија.

Европа

Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.

dobivaj vesti na viber

Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.

Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.

„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.

Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.

Прикажи повеќе...

Европа

Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото

Објавено пред

Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.

dobivaj vesti na viber

Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.

Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.

Прикажи повеќе...

Европа

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Објавено пред

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.

dobivaj vesti na viber

Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.

Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.

Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.

Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Скопската обвинителка Жаклина Крстевска-Јосифовска ја заврши истражната постапкa, односно како што појаснуваат од ОЈО Скопје за Макфакс, преземени се сите...

Свет7 часа

Сè уште се трага по хеликоптерот со кој леташе иранскиот претседател Раиси, објави ИРНА

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот...

Регион12 часа

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер...

Топ13 часа

Во сообраќајката на „Водњанска“ во Скопје со повреди завршија седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар...

Македонија14 часа

Силните дождови поплавија подруми и гаражи во Охрид

Локални дождови вчера и во текот на ноќта имаше на повеќе места во државата. Регионалниот Центар за управување со кризи...

Топ17 часа

Четири возила се судрија пред Клинички центар „Мајка Тереза“, неколку лица се повредени

Сообраќајна несреќа вечерва вечерта се случи на булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје, пред влезот на Клиничкиот центар. Според првичните информации, во...

Топ1 ден

Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип

Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според...

Топ1 ден

Бебе почина во болница во Охрид

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе. Бебето претходно...

Македонија1 ден

Вработена во МВР наплатувала по 15.000 евра за лажно посредување за социјален стан

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е...

Европа1 ден

Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина

Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на...

Топ2 дена

Нема крај на нападите од улични кучиња, полицијата во Скопје доби нови три пријави

Билтенот на Министерството за внатрешни работи секојдневно е полн со пријави за настани на граѓани каснати од улични кучиња. Такви...

Македонија2 дена

За осомничениот за убиството на братот и снаата се бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице...

Свет2 дена

Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила...

Свет2 дена

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија2 дена

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија2 дена

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија2 дена

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија2 дена

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија2 дена

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ2 дена

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...