Финансии / Банкарство
ПРОБИЕНА МАГИЧНАТА ГРАНИЦА НА ВРЕДНОСТА НА БИТКОИНОТ
05.12.2024
Вредноста на биткоинот за првпат надмина 100.000 долари, што е поттикнато од надежите дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе води пријателска политика кон криптовалутите.
Годинава цената на биткоинот се зголеми за двапати од својата почетна вредност, а во последните четири недели се зголеми за 45 отсто, пренесе РТВ.
Магичната граница беше надмината откако Трамп го назначи Пол Еткинс за нов шеф на Агенцијата за хартии од вредност и берзи, кој е голем заговорник на криптовалутите. Вредноста на биткоинот порасна за 6% во еден ден и во еден момент достигна до 103.619 долари.
Вкупната вредност на пазарот на криптовалути речиси се удвои оваа година и сега изнесува рекордни 3,8 трилиони долари.
Најниската вредност на биткоинот оваа година беше 38.505 долари, регистрирана на 23 јануари и изборната победа на Трамп минатиот месец беше катализатор за неговиот актуелен раст. Тој во кампањата ветуваше дека ќе ги направи САД „крипто-престолнина на планетата“ и „светска суперсила на биткоинот“.
фото freepic