За СДСМ новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ е „платформа од минатиот век“

од Nikola Popovski

За СДСМ, новата предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ е „платформа од минатиот век“. Според нив, „тоа се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје“

-Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања, рече Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Таа на прес-конференција додаде дека „ДПМНЕ ветуваше бесплатен јавен превоз, 250 еко автобуси, мега паркови, капитални проекти, спортски сали, паркови, а ништо не реализира“.

-Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови. Нема нови 250 автобуси, нема нови паркови Граѓаните се иневерени, изборните ветувања неостварени. Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад. Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ, посочи Николова.

„Платформа 1198“ за исто толку проекти колку што планира да реализира владата на ВМРО-ДПМНЕ, доколку дојде на власт. Партијата ветува 3 милијарди евра за капитални инвестиции, нови 55.000 работни места до 2028, рамни и ниски даноци кои создаваат фер услови, борба со сивата економија, изградба на енергетски капацитети и создавање на Министерство за енергетика.

5.000 денари повисоки пензии во првата година, поддршка на младите и семејствата, 6 бесплатни ин витро интервенции за идните родилки, по 50 милиони евра за спортот и културата и 800 милиони евра за земјоделството, ветува ВМРО-ДПМНЕ. Но најважно од се е да се направи дигитален попис, за да се види со какво население располага земјата и така ќе може да се гради иднината, вели лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Слични содржини