Довербата во судството е на многу ниско ниво, неопходни се реформи- судиите се сложија со ОБСЕ

Довербата во судството е на многу ниско ниво, неопходни се реформи- судиите се сложија со ОБСЕ

Политизирани одлуки, нетранспатентност, неквалитетни судски постапки – правосудството ни е на колена и итно се потребни реформи ако сакаме да одиме напред и конечно да се интегрираме во ЕУ. ОБСЕ предупредува дека во последните години сериозно е разнишана довербата во судството и мора да се изгради систем кој се заснова на знаење, заслуги и интегритет. Со тоа се согласи и Здружението на судии.


Последните случувања беа значајни предизвици за судствоtо. Крајно политизирани одлуки на полето на владеење на правото, недоволно транспарентност и квалитет ја затресоа довербата на јавноста во судството. Мора да се обединиме да ја вратиме довербата.Темите за систем на заслуги и при изборот на судиите и механизмите за правна ревизија безгрешно не движат во таа насока. Систем кој покажува на посветеност кон професионални стандарди, систем кој поведува грижа дека предметите се решаваат преку фер и транспарентни постапки – вели Сузан Пенкса, заменик шеф на Мисија на ОБСЕ во Македонија.


Судството е исправено пред многу предизвици, го носи товарот на многу судски и политички збиднувања. Треба да се имаат предвид извештаите кои даваат и позитивни и негативни оценки и да се спроведуваат реформите. ОБСЕ, ЕУ, САД секогаш не поддржувале во реформите на патот кон ЕУ – вели Џемали Саити, претседател на Здружение на судии, Врховен судија.


Владеењето на правото е камен темелник на правосудството и судиите мора да покажат дека им служат на граѓантие. Претседателките на Врховен суд и Судски совет укажаа на потребите од вистински заложби за реализирање на реформите.


Овој период судството е исправено пред голем предизвик – потреба од вистински заложби за реализирање на реформите на патот кон ЕУ. Една од тие заложби е обновбување на двоербата и унапредување на довербата која граѓаните ја имаат во судството – вели Беса Адеми, претседател на Врховен суд.


Сите заедно со здружени сили, поединечно и во состав на судовите, обвинителствата и сите правосудни институции да дадеме се од себе за нашето судство и нашата држава/ Само така ќе ја вратиме довербата на граѓаните – вели Весна Дамева, претседател на Судски совет.


Последниот извештај на Европската комисија беше низок удар, посебно за правосудниот систем. Ниту еден скандал не остана незабележан од европските челници, имаше критики за Кривичниот законик и скандалите во Судски совет. Сите земји од Западен Балкан беа подобри од Македонија во делот на судството и владеење на правото.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста