„Институциите треба да бидат насочени кон искористување на јавно добро, а не институциите да ги користите во политички цели, да снимате спотови во институциите, славите роденден. Институциите не смеете да ги фамилијализирате“ рече кандидатот за претседател од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова.
Таа рече дека треба да ставиме крај на ужасната феудализација во Македонија од луѓе со ограничен ум, од луѓе кои преку ноќ се збогатија.
Она што, според неа го прави специфичен овој натпревар со седумте кандидати за претседател, од една страна е баукот на примитивизмот и неодговорноста, несвесноста и непочитувањето на националните и државните интереси. Од друга страна, како што кажа, е нарцизмот меѓу дел од кандидатите, што, според неа предизвикува поделби и раздор.
Н. А.