15.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: СДСМ продолжува храбро и со одговорни одлуки, во дослух со граѓаните, да чекори кон економска сигурност и подобар животен стандард, така го личи СДСМ

„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија останува водечката демократска политичка сила, со посебна одговорност кон граѓаните и кон развојот и напредокот на Северна Македонија.Низ годините наназад секогаш и одлучно, наспроти сите опструкции и препреки, гледавме само напред и ја движевме државата кон подобра иднина. Остануваме на тој пат и понатаму кон европската иднина. Храбро и со одговорни одлуки, достојни на државничкиот повик, во дослух со граѓаните, да чекориме кон економска сигурност и подобар животен стандард. Да бидеме лидери и градители на општество на солидарност со грижа за секого. Така го личи СДСМ,“ порача првиот вицепремиер, Бојан Маричиќ, во интервју за Рацин.мк.

Тој се осврна на деновите по првиот круг на избори дека СДСМ е на терен, меѓу граѓаните, затоа што СДСМ е силна партија која што ќе остане силна, ќе продолжи и ќе се развива како столб на демократијата и слободата.

„Историјата запиша, а Македонците ќе паметат: СДСМ го заштити македонскиот јазик, култура и идентитет. И како што го обезбедивме членството во НАТО, нашата цел останува најдоцна до 2030 години ќе станеме дел и од европското семејство на држави. СДСМ никогаш не се откажа и така ќе продолжиме. Нема откажување од европската иднина,“ порача Маричиќ.

Тој на крајот подвлече дека на 8 Мај СДСМ ќе ја покаже својата сила.

„Ќе покажеме дека сме посилни од тоа што го видовме како резултат од првиот круг на претседателските избори,“ посочи Маричиќ.