Вести Најважни Свет

Иран предничи со активни војници, тенкови и подморници, Израел со резервисти, хеликоптери и артилерија

Страницата „World of statistics“ ги спореди иранските и израелските воени капацитети низ бројки, а изнесе и други интересни податоци за двете земји.

И Израел и Иран се воени суперсили. Иран има 610.000 активни војници од 87,6 милиони жители, додека Израел има 170.000 од околу девет милиони жители.

Израелците, пак, имаат повеќе резервисти – 465.000 во споредба со 350.000 меѓу Иранците. Иран има многу поголеми паравоени сили (220.000) во споредба со Израел (35.000).

Иако Израел има помала војска според овие бројки, неговиот буџет за одбрана изнесува огромни 24,4 милијарди долари. Буџетот на Иран е 9,95 милијарди долари. Надворешниот долг на официјален Техеран е 8 милијарди долари, а на Израел е неверојатни 135 милијарди долари.

Израел има 612 авиони додека Иран 551. Израелците имаат 48 јуришни хеликоптери, а Иран има 13. Што се однесува до тенкови, Иран има 1.996 за разлика од Израел кој има 1.370.

Во самоодната артилерија, Израел е нешто поброен со 650 парчиња во споредба со иранските 580. Иранците имаат и повеќе подморници – 19, додека Израел има пет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе