Економија
ЗАТВОРЕНА РАБОТАТА НА РЕАКТОРОТ ВО ОНАГАВА
04.11.2024
Нуклеарниот реактор во атомската централа во Онагава во Јапонија ќе биде затворен неколку дена по неговото отворање за работа, што се случи минатата недела. Овој реактор беше првиот кој беше ставен во функција по земјотресот и цунамито во Јапонија во 2011 година.
Одлуката за запирање со работа на реакторот е заради проверка на состојбата на опремата. Од електроиндустријата во Токио не било соопштено за некаква „абнормалност“ во реакторот број два, пренесе агенцијата „Кјодо“.
Реакторот број два во вторникот минатата недела беше во групата на реактори кои беа пуштени во Јапонија по исполнувањето на строгите мерки за безбедност по несреќата во централата Фукушима во 2011 година.
Од компанијата информираат дека не успеале да постават уред за подесување на очитувањето на неутронскиот детектор во реакторот. Засега не е познато колку ќе трае одложувањето на повторното пуштање на реакторот, пренесува Н1.
фото freepic