МАКЕДОНИЈА

Османи: Владата ќе ги цени постапките на Србија и ќе одлучи за иднината на „Отворен Балкан“

Кандидатот за претседател на Европскиот фронт, Бујар Османи изјави дека доверливите информации што ги има за случувањата на 24 септември во Бањскo, Косово, ќе и ги предаде на Владата, која потоа треба да одлучи за судбината на иницијативата Отворен Балкан. Според него, Владата треба да одлучи дали евентуалната вмешаност на Србија во терористичкиот напад од септември е во спротивност со принципите на Отворен Балкан како иницијатива која, според него, ја поддржуваат и Европа и САД.

„Доколку има директна инволвираност на Србија, тоа е во спротивност со еден од столбовите, оној на помирувањето. Бидејќи сум министер за надворешни работи на НАТО, имам дополнителни информации, ќе информирам на затворена седница на Владата и потоа Владата треба да оцени дали се коси однесувањето на државите по овие два принципа: помирување и меѓусебно почитување“, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button