Војдан Стојановски е херојот на МЗТ Скопје

Кошаркарите на МЗТ Скопје во возбудлив натпревар славеа со 79:77 против ТФТ во првиот меч од полуфиналната серија во плејфот во македонскиот шампионат.

Клучните поени ги постигна Војдан Стојановски, кој на 56 секунди погоди тројка за 79:77. Победата ја завери Делалиќ со двете слободни фрлања на осум секунди до крајот.

МЗТ Скопје има резултатска контрола врз натпреварот во првото полувреме, кое го доби со 41:35. ТФТ во третата четвртина успеа да се врати во игра и во последните десет минути се влезе со израмнети 55:55.

Во решавачките 10 минути се играше израмнето до финишот, најголемата предност беше три поени, сè до последната минута, кога Војдан Стојановски и Делалиќ постигнаа пет поени по ред за недостижни 79:74 и водство од 1-0 во победи во полуфиналната серија.

Токму Војдан Стојановски со 16 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, додека Ташовски даде 24 поени за ТФТ.

- Оглас -

Најнови вести