Вести Економија Магазин Утринска на Телма

УТРИНСКА ТЕМА – Како до побезбедно и подоверливо онлајн купување – Виктор Стојкоски

Расте прометот на дигиталниот пазар во Македонија, но расте и бројот на поплаки кој најчесто се однесува на измами од неформални или нерегистрирани продавачи преку ФБ страни или преку интернет. Поплаките за регистрираните фирми пак се однесуваат на квалитетот кога купувачот смета дека не добил соодветен производ.

Е-трговијата и онлајн купувањето беа Утринска Тема во Утринската на ТВ Телма, а гостин беше Виктор Стојкоски од Асоцијацијата на е-трговија.

Електронската трговија со секоја година расте, а Асоцијацијата на е-трговија на Македонија со повеќе дигитални алатки го помага развојот, се со цел да се зголеми довербата во процесот и во дигиталните трговци.

Генералниот секретар на Асоцијацијата Виктор Стојкоски вели дека Асоцијацијата има регистар на компании, а врши и дополнителна верификација, како и има оддел за поплаки од незадоволни потрошувачи.

Во регистарот се наведени пријавените онлајн продавачи- компании кои продаваат по интернет, по производи кои може да се набават од конкретна компанија, па така купувачите може да најдат прецизни податоци за фирмата и полесно да дојдат до бараниот производ.

-Имаме беџ (badge) за верификација на продавач и оддел за поплаки каде граѓаните може да се информираат која институција за што е надлежна за да може соодветно и навремено да реагираат или да поднесат поплаки доколку, хипотетички, се чувствуваат измамени од некој правен субјект или некој неформален ФБ или интернет продавач, рече Стојкоски во Утринска на Телма.

Дополнително, електронската трговија со зголемувањето на прометот преку легално регистрирани фирми ја намалува сивата економија и даночната евазија.

-Сивата економија, таа неформална економија, од една страна гради нелојална конкуренција кај бизнисите. Од друга страна е штетна за целото општество затоа што тоа што државата не може да се развива, е иницирано од сивата економија за да не се прибираат доволно средства за буџетот. Кои би се користеле за државен развој. Таа бројка изнесува околу една третина, според некои пресметки сивата економија е околу 36 проценти од вредноста на БДП, изјави Виктор Стојкоски од Асоцијацијата на е-трговија на Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе