Фантастичниот Јокиќ не беше доволен за „метла“ на Денвер против ЛА Лејкерс (Видео)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс после 11 порази во низа, конечно успеаја да го победат актуелниот НБА шампион, Денвер нагетс и да се спасат од метла во конференциското четвртфинале. „Езерџиите“ победија со 119-108, иако Никола Јокиќ дојде до нов фантастичен трипл-дабл од 33 поени и по 14 скока и асистенции.

Леброн Џејмс со 30 поени беше предводникот на ЛА Лејкерс, а одличен беше и Дејвис со 25 поени. Денвер сега има предност од 3-1 и потребна им е само уште една победа за да го елиминираат ЛА Лејкерс, а шанса за тоа ќе имаат на петтиот натпревар на кој ќе бидат домаќини.

Кошаркарите на Бостон го вратија брејкот и повторно имаат водство во серија против Мајами, откако победија со 84-104, додека Оклахома сега има високи 3-0 против Њу Орлеанс, со оглед на убедливата победа на гостински терен од 85-106.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести