Пиљарите ги „крадат“ муштериите од пазарот, побарувачката во Штип сведена на минимум

Млада зелка, марула, лук, кромид – тезгите на пазарот во Штип преполни со зелена салата, ама граѓаните повеќе гледаат отколку што купуваат. Отворените пиљари на секој чекор ги крадат муштериите од пазарот, согласни се пазарџиите. Токму затоа побарувачката е се послаба. Ако некогаш се трошело многу роба на штипскиот пазар сега побарувачката е сведена на минимум.

„Овој петок млада зелка, марула, лук, кромид ова се бара и евтино е. Побарувачката е салаба, Штип како Штип сме трошиле многу роба, ама сега е слабо, минимално, има многу пиљари отворено. Паразот полека полека застанува.“ – велат продавачите.

Освен зелена салата, за купувачите допстапен беше и белиот кочански ориз. Произведувачите велат дека цената од 100 до 120 денари за килограм е реална и засга нема показатели дека истата ќе се промени.

„Цената на оризот ќе остане иста, оризот се движи од 100 до 120 денари за килограм.“ – додаваат продавачите.

Купувачите велат согласно примањата и желбата да се купи се класифицира и пазарот и цените на поризводите. За добра плата и пензија добри се и цените.

И продавачите и купувачите се согласни дека намалување на цените на производите се очекува во периодот кој следи. Со зголемување на производството на краставици и домати, ќе падне нивната цена.

Лаура Стојанова М-Нет