Политичките партии и претседателските кандидати имаат уште пет дена да ги претстават своите програми и понуди пред граѓаните да го дадат својот последен збор на изборите на 8ми мај односно да одлучат кој ќе го добие мандатот да ја води државата во наредните години.
Кампањата и за претседателските и за парламентарните избори завршува во понеделник, 6 мај, на полноќ.
На 7ми мај почнува предизборниот молк и тогаш своето право на глас ќе го остварат болните и изнемоштени лица, ќе се гласа во затворите во земјава но и во дијаспората.
Вчера ДИК на овластено лице во МНР му го предаде гласачкиот материјал за гласање во ДКП-та.
МНР, гласачкиот материјал го доставува веднаш по приемот, а најдоцна до крајот не денов.
Членовите на ИО во ДКП гласаат во ДИК три дена пред денот определен за одржување на изборите, односно на 4 мај.