Макрон: Постои ризик Европа да умре

од Vladimir Zorba

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека „постои ризик Европа да умре“ за време на говорот на Универзитетот Сорбона во Париз.

Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесe Ројтерс.

Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.

Слични содржини