3.8 C
Скопје
09/04/2025 21:33
МАКТЕЛ

    

Гренланд и Данска – скандали ги оптоваруваат односите

      

До 1970-тите, Данска ги принудувала гренландските жени да користат контрацепција. Ова до денес има последици за засегнатите и за гренландско-данскиот однос, кој е доведен во прашање повеќе од кога било. Пред речиси три години, мрачното поглавје во гренландско-данската историја излезе на виделина преку поткаст на данското радио: таканаречениот скандал со контрацептивна спирала. Се покажа дека илјадници жени во Гренланд, често малолетни, биле принудени да користат спирала за да спречат бременост во 1960-тите и 1970-тите – по налог на Данска. Гренланд, кој е претежно населен со домородните Инуити, од 1953 година повеќе официјално не е данска колонија. Но, не стана ни независен, туку данска провинција. Гренланд доби свој парламент и влада дури во 1979 година. И иако оттогаш има одреден степен на автономија и доби право на самоуправа во 2009 година, Гренланд останува дел од Данска до ден-денес.

„Никогаш не сме имале ништо со момчиња“

Со присилна контрацепција, целта на Данска во тоа време била да го намали забележливиот висок процент на деца родени вонбрачно во Гренланд и во целина да го ограничи растот на населението. Во интервју за ДВ, Хенриет Бертелсен се сеќава како нејзините соученички и таа биле испратени кај лекар без знаење на нивните родители.

„Неколку девојки плачеа уште во чекалната. Сè уште бевме толку млади и никогаш претходно немавме ништо со момчиња. Спиралите што ни беа ставени беа големи и всушност беа наменети за возрасни жени. Се сеќавам на страшните болки“.

   

Бертелсен и другите жртви минатата година ја тужеа данската држава, барајќи компензација и официјално извинување. За многу жени, принудната контрацепција резултирала со здравствени проблеми и траума. „Не добиваме никаква психолошка поддршка од државата, ако користиме помош, дел од неа треба сами да платиме“, се жали Бертелсен.

Скандал со контрацептивните спирали што се случил пред многу децении сè уште е без разрешница – и тој претставува дополнителен товар во и онака тензичните односи меѓу Гренланд и Данска.
Друг скандал што стана познат на крајот на 1990-тите е експериментот со 22 гренландски деца од 1951 година. Шест – до осумгодишници од семејства со проблематични односи биле донесени во згрижувачки семејства во Данска за таму да го научат данскиот јазик и култура, а подоцна во Гренланд да промовираат „модернизација“.

Социјалниот експеримент не успеал. Децата подоцна не се вратиле кај своите родители, туку завршиле во сиропиталишта во Гренланд, шест останале во Данска и таму биле посвоени. Многумина развиле ментални нарушувања, а половина умреле на млада возраст.

„Арогантен однос кон гренландската култура“

И таканаречените „експериментални деца“ и скандалот со спиралите го илустрираат контроверзниот третман на Данска кон  народот на Гренланд  и, според Ебе Волквардсен, културен историчар од Универзитетот во Гренланд, се вклопуваат во сликата на данската политика во тоа време, „која имаше за цел Инуитите да се асимилираат што е можно повеќе во данскиот начин на живот“. Фактот дека Гренланд и Данска припаѓаат заедно историски и културно и дека сакаат да ги подобрат условите за живот на Гренланѓаните беа централните аргументи на Копенхаген да го оправда вклучувањето на Гренланд во Кралството Данска пред Обединетите нации.

„Од данска страна, луѓето всушност долго време ги потенцираа своите најдобри намери, дека мораат да им помогнат на Гренланѓаните. Овој арогантен однос кон грендландската култура се провлекува низ историјата“, објаснува Волквардсен.

До денес, однесувањето на Данска и силната економска зависност од малата европска земја многу Гренланѓани ги доживуваат како продолжение на колонијалните структури и не малку од околу 57.000 Гренланѓани бараат вистинска државна независност.

Аспирациите на САД како можност?

Засек што  Доналд Трамп  се обидува да го продлабочи. Новиот претседател на САД веќе со месеци  има претензии кон најголемиот остров во светот,  кој е богат со суровини и има геополитички важна локација на Арктикот. Наводно, тоа е во интерес на безбедноста на САД и на целиот свет. Тој првпат предложи купување на островот од Данска во 2019 година, за време на неговото прво претседателство.

Значи, подобро дел  од САД  отколку дел од Данска? Не баш. На уверувањето на Трамп дека Гренланд може доброволно да се приклучи на САД стигна противречење од гренландскиот премиер Муте Б. Егеде. Тие се подготвени да ја продлабочат соработката, но: „Не сакаме да бидеме Данци.  Не сакаме да бидеме ниту Американци.  Ние сакаме да бидеме Гренланѓани“.

Како и да е, според експертот за Гренланд, Волквардсен, аспирациите на САД одат во корист на Гренланд, бидејќи Данска е сè повеќе принудена да размисли како се однесува со приближно 57.000 Гренландци. Не е случај дека Данска дури сега почнува да ги преиспитува своите постколонијални односи со Гренланд. Дискусиите за ова се засилени во последниве години, а важна улога во тоа одигра и соочувањето со настаните како што се експериментот со деца и скандалот со спирали.

Ебе Волквардсен сепак верува дека „амбивалентната и прилично загрижувачка ситуација“ во која неодамна се најдоа Гренланѓаните, а која дури и  ја натера Данска да го зголеми своето воено присуство  во регионот, „исто така може да отвори прозорец во кој Гренланд конечно „може да ги спроведе долго бараните промени“.

Извор: Дојче веле/ Автор: Инес Ајзеле

  

Најново

(ВИДЕО) Барале дрога кај 80 годишен старец и неговиот син со тежок инвалидитет…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВЧЕРА ВО СКОПЈЕ: СЕ СУДРИЛЕ „МЕРЦЕДЕС“ И „ОПЕЛ ТИГРА“, ЕДНО ЛИЦЕ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ

Sase Ivanovski

Бела пена, мртви риби и ракови го прекрија брегот на Дојранското Езеро!

Sase Ivanovski

Трамп ги повика компаниите да се преселат во САД за да избегнат царини

Sase Ivanovski

Пандов: Во некои затвори над 50 проценти од затворските полицајци се корумпирани

Sase Ivanovski

Грчките работници ја парализираа земјата

Sase Ivanovski

Петар Богојески е поставен за директор на „Еразмус“

Sase Ivanovski

МИЛИОНИ ЛУЃЕ ОД ЦЕЛИОТ РЕГИОН ЗАГИНАА ОД ДЕТОНАЦИИ НА МИНИ КОИ БЕА ПОСТАВЕНИ ВО ХРВАТСКА, БОСНА И СРБИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЛАЦ ЗА СТАРИ АВТОМОБИЛИ СЕ ЗАПАЛИ ВО БАРДОВЦИ, ЦРН ЧАД СЕ НАДВИСНА НАД СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Филков и Божовиќ потпишаа изјава за соработка во областа на судството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) АЏИБАДЕМ СИСТИНА: М-р доктор Тони Јосифовски – Годишниот број новооткриени случаи на колоректален карцином воМакедонија надминува 600 до 700

Sase Ivanovski

Во центарот на Тетово врз плац, каде стручните планери предвиделе зграда од четири ката, соѕидана е двојно повисока, осумкатница

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Честит 9 – ти април – Денот на железничарите на Македонија.

Sase Ivanovski

Трајко Славески: (НЕ)ОДГОВОРНИ СИНДИКАТИ

Sase Ivanovski

УБИВА ХЕЛИКОБАКТЕР ПИЛОРИ, ГО ЧИСТИ ЦРНИОТ ДРОБ, ЈА НАМАЛУВА АНКСИОЗНОСТА Уште повеќе причини да јадеме барем половина морков дневно

Sase Ivanovski

60-ГОДИШЕН МАЖ Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ ВО ОРЕШЕ Телото е дадено на обдукција

Sase Ivanovski

Иницијативата „Кој е следен?“ повика на нов протест утре во 18:00 часот

Sase Ivanovski

Се урна покривот на ноќен клуб во Доминиканската Република, загинаа најмалку 98 лица

Sase Ivanovski

Научници го вратија во живот древниот волк со помош на ДНК и гени на други волци

Sase Ivanovski

Царините на Трамп ги урнаа берзите ширум светот, ЕУ ќе гласа за воведување „одмазднички царини“

Sase Ivanovski

Кумановец возел мопед со 1,73 промили алкохол

Sase Ivanovski

Истрага против директорот на Геријатрија, барал 100.000 евра за згрижување на пациент

Sase Ivanovski

Горивата поевтинуваат за 2 и пол денари

Sase Ivanovski

Играта „Cats Quest 2“ е бесплатна на платформата Епик Гејмс до утре

Sase Ivanovski

Ќе се заштитуваат 400 километри реки на Балканот, меѓу нив и долниот тек на Вардар

Sase Ivanovski

Кина воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

Sase Ivanovski

Кривични пријави за двајца директори на училишта од Русиново и Владимирово

Sase Ivanovski

Оземпик и апетитот за слабеење: Конзумеризмот создава болест, а фармацијата нуди „решение“

Sase Ivanovski

Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог

Sase Ivanovski

УЈП: НЕПРЕЧЕНО ТЕЧЕ ПОДНЕСУВАЊЕТО НА МПИН ПРЕСМЕТКИТЕ, КАКО СЕ ОБРАБОТУВААТ, ТАКА СЕ ИСПРАЌААТ КОДОВИТЕ ДО ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривични пријави за директори на училишта во Берово поради злоупотреба на службената положба

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Sase Ivanovski

ЏАФЕРИ НЕ ГО ДИСКРИМИНИРАЛ АПАСИЕВ КОГА ГО ОДБИ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ ПРОТИВ ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Уставните судии не видоа прекршени права на пратеникот

Sase Ivanovski

Газа не е Аушвиц, но злосторството е геноцид

Sase Ivanovski

Гутереш: Газа стана поле за убивање

Sase Ivanovski

„Владата не рече не, не може и нема да зголемуваме плати, меѓутоа другите синдикати го рекоа тоа“, вели Трендафилов

Sase Ivanovski

Откриена шокантна врска: Бракот може да го зголеми ризикот од деменција?

Sase Ivanovski

(МАМАВИЗИЈА) Јаначковиќ: Не можев да најдам партнер, но тоа не беше пречка да станам мајка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Реди Рециклажа: Неопходно е Фондот за животна средина да го помогне работењето на претпријатието

Sase Ivanovski

Нема веќе селекција на отпад за карпошани и центарци: „Реди рециклажа“ остана без простор, од Карпош тврдат дека навреме ги известиле

Sase Ivanovski

Средношколец бил нападнат од соученици на автобуска постојка во Аеродром

Sase Ivanovski

АФД стана најпопуларна партија во Германија

Sase Ivanovski

Трамп: Не чекајте, преместете ја сега вашата компанија во САД

Sase Ivanovski

Барањето мито на Геријатрија треба да води до голема истрага и за други вакви хоспитализации

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Изложба со слики на Рембрант и други холандски сликари, на 750-годишнината од основањето на Амстердам

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на Апасиев против Талат Џафери

Sase Ivanovski

Синдикатите на средба во Влада – Трендафилов: ССМ денеска ќе ја праша Владата до кога работниците ќе чекаат зголемување на платите?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прес на директорот Пандов за фрлена дрога преку ограда, за кучката Цеца и скап часовник

Sase Ivanovski

Митото од 20 илјади евра за хоспитализација на пациентката на Геријатрија било само „капар“ – крајното барање бил нејзиниот стан

Sase Ivanovski

“Кој е следен“ достави формално барање до Владата за воведување е-инспекторат

Sase Ivanovski

Соња Крамарска: Македонија ја снема и од главниот и од споредниот пат кон ЕУ

Sase Ivanovski

Денко Малески: Европа, НАТО и Америка се во процес на распаѓање

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РУСИЈА ЗАПОЧНА ОФАНЗИВА ВО ХАРКОВ И ВО СУМИ? Генералот Сирски ги коментираше нападите во вториот по големина украински град

Sase Ivanovski

„ОДГОВОРОТ НА ЕУ ЌЕ ГИ ПОГОДИ САД КАЈШТО НАЈМНОГУ ГИ БОЛИ“ Познато е какви контрацарини ќе наметне Унијата?

Sase Ivanovski

ИРАН НЕ РАЗВИВА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ Претседателот Пезешкијан не се противи на американски инвестиции

Sase Ivanovski

КИНА НЕ ОСТАНА ДОЛЖНА, ВОВЕДЕ 84% ЦАРИНИ ЗА САД Контраудар за давачките од 104% на Трамп

Sase Ivanovski

ЦУК: Отстранета е опасноста на мостот на Пчиња кај селото Бадар

Sase Ivanovski

ИНТЕРВЈУ со Илија АЦЕСКИ, социолог: Системот произведе култура на корупција!

Sase Ivanovski

Финансиската полиција спроведува акција во Пин петрол, осомничена е роднина на екс министерот Спасовски

Sase Ivanovski

Директорот на Геријатрија знаел дека пациентот е богат, па барал 100.000 евра да го смести во болница

Sase Ivanovski

„Пин Петрол” демантира поврзаност со уапсената Габриела Крстевска: Одговорите да ги барате во АД Пошта Македонија

Sase Ivanovski

Игор Стефановски Иџе во поход по Европа

Sase Ivanovski

Волонтерска акција за позелена иднина во Лозово

Sase Ivanovski

Тимска игра на хуманост – Андријана Јовановска типуваше, а Mozzart донираше

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кривични за затворски полицајци во КПД-Штип, му помагале на затвореник да најде дрога префрлена во дворот на затворот

Sase Ivanovski

И по три години не се дозна што се случи со сметководителката Виолета од Скопје!

Sase Ivanovski

„Од 5 до 7 години може да трае закрепнувањето со тешки изгореници“, вели докторката од Бугарија која ги третира повредените пациенти од Кочани

Sase Ivanovski

Финансиска полиција во Пин Петрол: Сомнение за проневера на 22 милиони денари

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби Барањето за слободи и права на Димитар Апасиев

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука: Склучено партнерство помеѓу МОН и МЕН ЕНД МАУНТЕН за спроведување на еколошки акции

Sase Ivanovski

Општина Центар, Герасимовски: По 20 години нема веќе дива депонија со стаорци зад Буњаковец – следува зеленило и паркинг

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против две лица за примање поткуп за болничко згрижување на лице

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче е човек без кредибилитет на врвот на СДС и само второ лице на Зоран Заев

Sase Ivanovski

Пин Петрол” демантира поврзаност со уапсената Габриела Крстевска: Одговорите да ги барате во АД Пошта Македонија

Sase Ivanovski

Рецесијата можеби тропа на врата, што да се прави?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Се појави ново видео на кинескиот ловец J-36 од следната генерација Стелт

Sase Ivanovski

Егзодусот на богатството во Обединетото Кралство само што започна, бидејќи ефектите од уривањето на нејзиниот даночен режим e од повеќе милијарди долари

Sase Ivanovski

Истражувачите откриваат врска со аутизмот – а тоа не се вакцини

Sase Ivanovski

„Тесла“ изгуби повеќе од 585 милијарди долари: Маск јавно го прозва советникот на Трамп за царините

Sase Ivanovski

Лишен од слобода кумановец затоа што управувал мопед под дејство на алкохол

Sase Ivanovski
Вчитувам....