Вести Избори 2024 Македонија Најважни

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Денешниот изборен ден, кој беше резервиран за болните и за изнемоштените, за затворениците во казнено-поправните домови и за лицата во притвор, за старските домови и за македонските државјани во странство мина мирно, истакна вечерва Александар Даштевски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Тој информира за потешкотии на дел од избирачките одбори во планинските места, поради врнежите од снег, но, сепак, на крајот, како што рече, „оние кои требаше да гласаат, имаа можност за остварување на нивното граѓанско право“.

До 17 часот гласале вкупно 6.953 немоќни и болни лица или 94 отсто од вкупно пријавените. Затворени се 14-те гласачки места во казнено-поправните установи во кои своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи, а одѕивот изнесува 64 проценти, соопшти вечерва Државната изборна комисија (ДИК). До 19 часот, според информации на избирачките одбори, гласале 1.380 лица или 64 отсто од запишаните.

Од ДИК, наведуваат дека на 31 гласачко место во дипломатско-конзуларни претставништва во странство, имаа можност да гласаат 2.569 лица кои се пријавиле за гласање. Сè уште се отворени шест гласачки места, каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.

„До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 891 гласачи, односно 35 проценти. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени шест избирачки места каде што сеуште трае гласањето“, посочуваат од ДИК.

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

Досега ДИК издаде акредитации за набљудување на 915 домашни, 628 странски и меѓународни набљудувачи и 38 странски новинари.

Утре, на денот на изборите, избирачките места ќе се отворат во 7 часот. Гласањето ќе трае до 19 часот. Ќе се гласа на вкупно 3.480 избирачки места.

На 8 мај во Северна Македонија ќе се одржат и парламентарни избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе