Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека на 22.11.2022 година во РЕК Битола бил склучен коруптивен договор во висина од 20 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ не може да престане со лагите и манипулациите кои ги пласира на штета на интересите на граѓаните и на штета на македонскиот енергетски систем. Договорот што ВМРО-ДПМНЕ денеска го спомнува се однесува на период од 18 месеци, односно ќе се покрива ископот на јаглен во текот на грејната сезона 2022/2022 и следната грејна сеозна, 2024/2025, реагираат од СДСМ по обвинувањата од опозицијата дека РЕК Битола, за ист тендер, лани платил 13 милиони евра, а оваа година 20 милиони евра.
„Како што јавно објави и АД ЕСМ, сето тоа е со цел да не се случи завршување на Договорот во текот на грејна сезона. Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за енергетиката покажува фактот што оваа партија блокираше поволен заем од 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка на енергетските капацитети во време на светска економомска и енергетска криза“,
се вели во соопштениеето на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвинија дека на 22.11.2022 година во РЕК Битола бил склучен коруптивен договор во висина од 20 милиони евра.
„На тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, која е фирма миленик на директорот Ковачевски за договори во четири очи, понудила точна сума – токму колку што планирале од РЕК Битола да потрошат. Најстрашно е што кога имало конкуренција во претходната 2021 година за истата услуга на истиот оглас во договор од 24.06.2021 година во РЕК Битола платиле 13 милиони евра што е за 7 милиони евра помалку“,
посочија од најголемата опозициска партија.