Search

Јулија Навалнаја – добитничка на наградата за слобода на говор на Дојче Веле

Дојче Веле ја додели 10-тата по ред Награда за слобода на говорот на Јулија Навалнаја и на нејзината „Фондација против корупцијата“. Директорот на ДВ, Питер Лимбург, изборот го образложи со „непоколебливата храброст“ со која Навалнаја и нејзините колеги се борат за слободна Русија: „Јулија Навалнаја од почетокот ја поддржа политичката работа на својот сопруг Алексеј Навални во борбата за слобода на печатот и слободата на изразување во Русија – и покрај сите ризици, постојани закани и лични ограничувања“.

Јулија Навалнаја ја продолжува работата на својот сопруг, рускиот опозиционер Алексеј Навални, кој почина во затворски логор. Три дена по смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални во февруари 2024 година, неговата вдовица Јулија Навалнаја изјави дека ќе го наследи и ќе го преземе управувањето со „Фондацијата против корупција“ (ФБК). Нејзиниот сопруг ја основаше непрофитната организација во 2011 година. Целта беше откривање и објавување на случаи на поткуп и злоупотреба на власта меѓу руската елита и со тоа борба против корупцијата.

Многумина ја гледаат Јулија Навалнаја како новото лице на руската опозица. Магазинот „Тајм“ во бврои меѓу највлијателните лица на годината.

Најново

Последни колумни