Забава Избор

SUPER Fresh Music: Camila Cabello feat Playboi Carti – I Luv It

Охрид, 23. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Убавата Camila Cabello конечно го претстави повратничкиот сингл „I Luv It“ во кој ја истакнува својата сензуална страна.

Текстот на песната ја илустрира бурната хемија која се буди во занесот на љубовта, а покрај Camila и нејзиниот природен шарм, посебна страст додаде и раперот Playboi Carti.

– Важен дел од тој коктел на енергија е емотивната драма што се одвива меѓу вас и таа личност, а има и хаос, нервоза, страст и пеперутки во стомакот, изјави пејачката за синглот.

Поранешната членка на Fifth Harmony го обиколи светот како соло изведувач од 2018 година, а стилот што го донесе со нејзиниот нов сингл ја однесе на самиот врв на светските топ листи и ѝ даде глобални хитови како сингловите „Havana“ и „BamBam“.

Песната „Señorita“, на која и’ се придружи и Shawn Mendes, и денес е нејзиниот најголем хит, кој брои милијарди слушања на музичките платформи.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука