Објавено на:

Гром од ведро небо: Ѓоковиќ и тренерот Иванишевиќ ја прекинаа соработката

t

Новак Ѓоковиќ и неговиот повеќегодишен тренер Горан Иванишевиќ ја прекинаа соработката, објави на социјалните мрежи светскиот тенисер број еден.


Како гром од ведро небо во средата наутро излезе веста дека Ѓоковиќ и Иванишевиќ нема да соработуваат во иднина, односно дека на успешната соработка и дојде крајот.
Поминаа пет години заедно и освоија девет Грен слем трофеи, а Новак на социјалните мрежи објави дека дошол крајот.
Легендарниот хрватски тенисер, кој по завршувањето на играчката кариера влезе во тренерските води, во 2019 година од Вимблдон стана дел од тимот на Новак Ѓоковиќ.
Србинот и Хрватот имаа низа успеси во тандем, што го потврдуваат бројните Грен слем, Мастерс и други освоени турнири.


Под будното око на Иванишевиќ, Новак освои три Австралија Опен, три Вимблдони, два Ролан Гарос и УС Опен.
На тоа треба да се додадат уште две финалиња на АТП и седум мастерс трофеи.
Новак Ѓоковиќ потврди дека не се работи за некаква шпекулација, туку дека на соработката и дојде крајот.


„Јас и Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Нашата хемија имаше подеми и падови, но нашето пријателство беше секогаш силно. Всушност, јас сум горд на тоа – не сум сигурен дека ни тој е: освен што заедно победуваме на турнири, долги години имавме странична битка во парчис (читај: табла). И тој турнир никогаш не завршува за нас“, напиша тој на социјалната мрежа Ноле со дополнување:
„Шефе, ти благодарам за сè пријателе. Те сакам”.

Пред Новак, Иванишевиќ во својата тренерска кариера работеше со сонародникот Марин Чилиќ, Милош Раониќ и Томаш Бердих.
Новак Ѓоковиќ многу веројатно ќе назначи нов тренер во наредните денови, а се шпекулира дека тоа би можел да биде Ненад Зимоњиќ со кого во вторникот тренираше во Кошутњак, каде што ја усовршува формата за Мастерсот во Монте Карло на 7 април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Ѓоковиќ: Ова е за мојот народ!

Рим го доживеа пишувањето на тениската историја,…

Ѓоковиќ: Не знам што ми е

Ѓоковиќ загуби во финалето на Србија Опен…