Фудбалерот на Баерн е херој на навивачите, повреден и со големи болки играл против Арсенал

Екипата на Баерн Минхен успеа да го победи Арсенал на домашен терен со 1-0 и да обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите. Тренерот Томас Тухел имаше проблеми со повредените фудбалери, на крилната позиција ги немаше Гнабри и Комна, па третото крило, Лерој Сане, кој исто така беше повреден мораше да настапи против „топчиите“.

Токму Сане е еден од хероите на „баварците“, со оглед на тоа дека не настапи поради повреда на претходните два натпревари од Бундес лигата, а со Арсенал стисна заби и одигра, иако трпеше големи болки. Според изјавите на неговите соиграчите, неговите болки после натпреварот биле толку големи, што тој не можел ниту да го прослави успехот.

Сепак, неговите зборови после мечот во соблекувалната биле „ако треба и со една нога ќе играм“.

- Оглас -

Најнови вести