Книжевен разговор со Дуња Илиќ и промоцијата на новиот двоброј на Зенит

Денес со почеток во 19:30 часот, во Europe House Струмица, ќе се одржи промоцијата на новиот двоброј (10-11) на Зенит, број посветен на Дубравка Угрешиќ и како и секогаш домашната, регионалната и светската културна продукција и сцена. Во рамките на настанот ќе се случи книжевен разговор со специјалната гостинка Дуња Илиќ од Србија. Разговорот ќе го води книжевниот критичар и писател Далибор Плечиќ.

Дуња Илиќ е уредничка и критичарка од Кикинда. Основните студии по општа книжевност и теорија на литературата ги завршила во Белград, како и магистерски студии по критичка теорија на Карловиот универзитет во Прага. Била член на жирито за регионалната награда „Улазница“ и наградата „Душан Васиљев“ за најдобро дело објавено во Србија. Уредила неколку романи и збирки раскази за Партизанска књига и издавачката куќа Јесенски и Турк. Нејзиниот есеј за автофикција беше објавен во збирката Помеѓу отпорот и трендот: тенденции во современата регионална литература (Културтрегер и Курзив, 2023). Таа е член на уредничкиот одбор на списанието Тема и редовен критичар на порталите Booksа и Kritika HDP, како и на месечниот литературен додаток Best Book на Express. Дуња е иднината на регионалната книжевна критика!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …