Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Уште една волшебна ноќ на „Бернабеу“: Реал со голем пресврт до билет за финалето во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/mundodeportivo

Реал Мадрид ќе биде противникот на Борусија Дортмунд во големото финале во Лигата на шампионите кое на 1 јуни ќе се одигра на „Вембли“.

„Кралевите“ имаа нова чудесна, волшебна ноќ на „Бернабеу“, режираа пресврт кој им донесе победа од 2-1 против Баерн Минхен, односно пласман во наредната рунда со вкупно 4-3.

Гостите од Минхен го имаа финалето во џеб до 88 минута која Нојер имаше слаба реакција по ударот на Винисиус Жуниор, грешка која беше скапо платена затоа што Хоселу ја искористи и донесе изедначување на Мадрид.

Водени од оваа енергија домаќините брзо дадоа уште еден гол одново пркеу Хоселу во 91 минута за водство од 2-1 што се покажа како доволно за да се скокне оваа полуфинална пречка.

Во последните секунди имаше и една дискутабилна ситуација, Баерн даде гол преку Де Лихт, ама претходно беше свирен офсајд со тоа што во овие моменти најчесто се остава акцијата да се заврши што тука не беше случај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни