Избори за Европскиот парламент: Маск на страна на десницата

52

Копретседателката на Алтернатива за Германија (AfD) Алис Вајдел го покани претприемачот Илон Маск да ја посети во Бундестагот откако милијардерот јавно ја поддржа сè попопуларната десничарска партија.

Сопственикот на „Тесла“ ја доби поканата откако неодамна ги критикуваше демонстрациите организирани од екстремистичка муслиманска група во Хамбург.

„Сигурен сум дека барањата за соборување на владата во Германија се незаконски“, напиша тој на платформата Икс (која исто така го поседува).

„Почитуван Илон Маск, настанот е само една од многуте вознемирувачки работи во Германија. Ве повикувам што поскоро да ја посетите мојата канцеларија во германскиот Бундестаг, за да разговараме за се подетално“, му рекла Вајдел.

Алтернатива за Германија е сè попопуларна во земјата, а со подемот на десницата низ Европа, групите се надеваат дека ќе формираат малцинство по изборите за Европскиот парламент што ќе може да влијае на политичките одлуки во Брисел.

„Блумберг“ признава дека десничарските партии се сè попопуларни на Стариот континент, но тврди дека некои анкети покажуваат дека нивната популарност благо опаѓа.

Сепак, врз основа на истражувањето „Europ Elects“, Алијансата за пан-европски идентитет и демократија, во која членуваат членови на AfD и партијата на Марин Ле Пен и Холанѓанецот Герт Вилдерс, на изборите ќе освои 11,2 отсто од гласовите, или 84 пратенички места во парламентот.

Најголемата политичка група во Парламентот на ЕУ – Европската народна партија (ЕПП, десниот центар) ќе освои 23 отсто од гласовите, односно 183 места, левиот центар 140 места, а либералната „Реновирање“ 86 места. Овие три групи ќе имаат апсолутно мнозинство во парламентот.

Се шушка дека десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), чие „лице“ е италијанската премиерка Џорџа Мелони, преговара со либералите за формирање на третата по големина група во парламентот со 86 пратенички места.

Иако, историски, партиите од центарот избегнуваа да соработуваат со националистите, подемот на десницата – особено во Германија – сега ги промени традиционалните „верувања“. Дури и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, членка на ЕПП, сигнализирала дека е подготвена да соработува со ЕЦР, пренесува РТ Балкан.