Димитриевски најефикасен во победата на Ваљадолид во шпанската АСОБАЛ лига

фото: atleticovalladolid.es

Во 21 коло од најсилното шпанско ракометно првенство составот на Ваљадолид на домашен терен со 33:32 го совлада Торелавига.

Прв стрелец во домашните редови беше македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски со 11 голови.

Во екипата на Ваљадолид настапува уште еден Македонец, Димитар Димитриоски постигна четири голови.

Ваљадолид ја прекина серијата на порази во АСОБАЛ лигата и освои важни бодови во трката за опстанок.

Моментно се наоѓа на 14 место со 15 бодови и во следното коло на 1 април ќе биде домаќин на Бенидорм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот